За нас

Истражувачки проект спроведуван од волонтери во Македонија од 2015 година

Досега имаме посетено 38 различни области во Македонија, при што имаме направено над 13.000 фотографии, при што имаме поминато околу 19.000 километри, често пати на земјени патишта.

Историја на експедиции

Првата експедиција се одржала на 10 април 2015 година, опфаќајќи го градот Неготино и неготинските села.

Во првите две години (2015-2016) спроведувавме по шест експедиции годишно, додека следните две години (2017-2018) спроведувавме по пет експедиции, но почнувајќи од 2019 година го стандардизиравме бројот на четири експедиции на годишно ниво, од кои сите ќе бидат дводневни или тридневни експедиции.

Нашите резултати

Гордо можеме да кажеме дека до крајот на 2022 година имаме опфатено скоро половина од сите населени места (села) во Македонија. Истовремено ги имаме фотографирано 52% од сите цркви кои се документирани во Македонија, како и над 55% од сите основни училишта.

  • Посетени цркви 52% 52%
  • Посетени села 48% 48%
  • Посетени основни училишта 55% 55%

Тони Ристовски

 

Главен истражувач во екипата, прави подготовки што треба да биде покриено за време на експедициите, барајќи низ различни извори пред експедициите и наоѓајќи ги точните локации на точките од интерес. Совозач и главен навигатор, ГПС, со високоразвиена способност да распознава покриви од птичја перспектива.

Деан Лазаревски

 

Нашиот лиценциран оператор на дрон, кој воедно и се грижи да бидат промовирани нашите експедициите за време на патувањето до јавноста; последен приклучен член, има општи познавања од повеќе теми и на некој начин замена/џокер и критика на терен за сѐ она што ние го работиме.

Нино Богдановски викиекспедиции

Нино Богдановски

 

Нашиот полупрофесионален шофер кој се грижи за безбедноста на екипата да дојде до селата и градбите, често возејќи на земјен терен со стрмни наклони. Се труди да ги избегнува камењата, но нема изоставено да го поздрави
секое живо битие на патот, медицинска сестра по потреба и нужност.

Кирил Симеоновски

 

Главен фотограф во екипата, фотографирајќи ги објектите,
градбите, луѓето, природното и културното наследство, користејќи ги своите
планинарски вештини за да дојде поблиску до градбите, кои често се во руини или се
недостапни со возило; најистурен играч, разговара со селаните и често пати влегува во сопствени ризични експедиции.